World News in Macedonian

Прво рочиште за нападот врз Зијадин Села во Собранието

Во Кривичниот суд денеска почна судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на настаните во Собранието на 27 април минатата година. Во судницата присутни се десетмина обвинети, а Села не дојде на рочиштето. Судскиот процес го води судијката Славица Андреевска.


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села беше тешко повреден при упадот и насилствата на 27 април 2017 година во Собранието. За настаните веќе се изречени судски пресуди по два предмета, а во тек е истражна постапка за предметот на Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во кој се осомничени 36 лица.

Читайте на сайте