World News in Macedonian

Ципрас на средби со грчки функционери за прашањето за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на одделни состаноци ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања за прашањето со името.


Ципрас утрово одржал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а за попладне во 15 часот е закажан мини министерски совет во премиерската палата на кој треба да присуства шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и неговите заменици, пренесуваат грчките медиуми.


Исто така попладнево во 18 и 30 часот Ципрас треба да се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, а во текот на утрешниот ден предвидено е да има одделни средби со лидерите на политичките партии.

Читайте на сайте