World News in Macedonian

Американски авион по грешка уби седум лица во Ирак

Ирачките власти соопштија дека американски воен авион по грешка извршил напад врз ирачки безбедносни сили и цивили во западната провинција Анбар во кој загинале најмалку седум лица.


Најмалку 11 луѓе, меѓу кои и локални власти се повредени во денешниот напад, а меѓу убиените има и припадници на безбедносните служби и цивили, соопштија официјални лица.Двајца повисоки претставници на ирачката војска соопштија дека американските сили сметале дека жртвите се милитанти, јави агенцијата Асошиејтед прес.


Ирачката војска наредила истрага за инцидентот. Повеќе од три години меѓународната коалиција предводена од САД ги поддржува ирачката војници во борбата против екстремистите од Исламска држава. 

Читайте на сайте