World News in Macedonian

Протести во Русија по повикот на Навални за бојкот на изборите

Русите кои се незадоволни од можноста претседателот Владимир Путин да управува со земјата и во следните шест години денеска почнаа со протести низ целата држава, поддржувајќи го повикот на Алексеј Навални за бојкот на изборите.


Опозицискиот лидер Навални повика на бојкот откако му беше забрането да се кандидира за изборите што ќе се одржат на 18 март поради обвинението за финансиски криминал, кое тој и неговите поддржувачи го сметаат за одмазда на Кремљ. Според Јутјуб каналот на Навални на кој се емитуваат протестите, собирањата веќе почнале во повеќе сибирски градови меѓу кои Омск и Барнаул.


Во Моксва Навални ги повика демонстрантите да се соберат во центарот и покрај одбивањето на власта да даде дозвола за протест на тоа место со што се отвора можноста за конфронтација. 

Читайте на сайте