World News in Macedonian

Неизвесност околу расправата за амандманите на Законот за јазиците

Не се знае кога Собранието ќе расправа за амандманите за Законот за јазиците во трето читање поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери наведувајќи дека од 35.569 амандмани досега на албански јазик преведени се само околу 17 илјади.


Според Џафери амандманите се политичко прашање, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се спречи носење на законот, истакнувајќи дека што и да се направи во оваа ситуација ќе се оспорува уставноста на законот.


Во однос на тоа дали е можно амандманите да бидат повлечени, Џафери рече дека секојдневно е во комуникација со опозицијата и со другите пратенички групи. Тој ја повика опозицијата да размисли: „Ако имаат сенс за процесите и за државата нека се премислат“, рече Џафери

Читайте на сайте