World News in Macedonian

Амбасадорот на САД во Грција отимист за прашањето за името

Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пјат пред денешните средби на медијаторот Метју Нимиц во Атина, изјави дека е оптимист оти ќе биде направен прогрес во преговорите за решавање на прашањето за името. Тој во интервју за грчката ТВ Скај вели дека Вашингтон целосно ги поддржува напорите на Нимиц и ОН за решавање на долгогодишниот спор.


„Јас сум оптимист. САД ќе сторат се да ги поддржат напорите што ќе ги презема Нимиц во наредните денови и недели“, изјави американскиот амбасадор Пјат наведувајќи дека интерес и на земјите од Западен Балкан, но и на САД е тие да се приклучат во НАТО и ЕУ.

Читайте на сайте