World News in Macedonian

Шестмина убиени во експлозија во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека најмалку шест членови на семејство се убиени во експлозија од автомобил во северозападен регион, во близина на границата со Авганистан.


Експлозијата во момент кога семејството било на пат да присуствува на погреб во племенската област Курам, изјави денеска претставникот на локалната власт Акбар Ифтикар.


„Три жени и тројца мажи загинаа на самото место“, рече Ифтикар додавајќи дека е нејасно дали експлозијата е предизвикана од нагазна мина или бомба покрај патот.


Во инцидентот има еден преживеан кој е во стабилна состојба, соопштија здравствени работници. Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот.

Читайте на сайте