World News in Macedonian

Нимиц пристигна во Скопје

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц денеска пристигна во Скопје, по посетата на Атина. Тој со своите соработници беше во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, а како што информираат од Министерството за надворешни работи првата изјава за медиумите ќе ја даде по неговата средба со министерот Никола Димитров.


освен со Димитров, како што е најавено, Нимиц треба да оствари средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.


По вчерашната средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, Нимиц изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две недели, дека ги слушнал позициите на грчката владата, оценувајќи дека таа е искрена и активна во решавањето на проблемот.

Читайте на сайте