World News in Macedonian

Воспитувачка тепала дете во градинка во Аеродром

Скопјанка во Полициската станица Аеродром вчера пријавила дека кога дошла да го земе нејзиниот шестгодишен син од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ.


Мајката за настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција.


 Жената од градинката го однела детето на лекарски преглед каде  се констатирани повреди во вид на оток,соопшти МВР.


Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Читайте на сайте