World News in Macedonian

Села бара 30 милиони денари отштета за нападот во Собранието

Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села којшто се случи на 27 април минатата година во Собранието. Адвокатот на Села за својот клиент побара отштета од 30 милиони денари за материјалните трошоци за лекувањето на Села, за претрпена физичка болка, претрпен страв и повреда на личниот интегритет.


На денешниот распит пред Судот е првиот сведок Горданче Соколовски вработен во фирмата што го поставувала видео надзорот во Собранието, а изјави ќе даваат и други сведоци и ќе се презентираат докази на вешти лица.


Според адвокатот на Села, Абедин Абдулаи, се очекува лидерот на Алијансата на Албанците да се појави на денешната главна расправа. 


Во случајот обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра.

Читайте на сайте