World News in Macedonian

Пресудата за руските спортисти пред отворањето на Олимпијадата

Одлуката по жалбата на руските спортисти кои сакаат да се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја ќе бидат објавени на неколку часови пред церемонијата за отворањето на 9 февруари, соопшти Спортскиот арбитражен суд. Оттаму наведуваат дека пресудата ќе биде објавена во 11 часот по локално време, девет часови пред почетокот на церемонијата.


Во декември Меѓународниот олимписки комитет и забрани на Русија да се натпреварува како тим на Зимските олимписки игри поради, како што ја нарече, „систематска манипулација без преседан“ на олимпискиот антидопинг систем на Олимписките игри во Сочи 2014 година.

Читайте на сайте