World News in Macedonian

Тилерсон ја почна блискоисточната турнеја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во Египет во почетокот на дипломатската турнеја во текот на која ќе посети пет држави во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток. Неговата посета на Каиро доаѓа ден откако израелското воено воздухопловство изведе низа напади во Сирија како одговор на влегувањето на ирански дрон во воздушниот простор на Израел. Претходно беше соборен и израелски авион од типот Еф16. Освен Египет, Тилерсон ќе ги посети Кувајт, Либан, Јордан и Турција.

Читайте на сайте