World News in Macedonian

Во турската операција во северна Сирија досега загинале 31 турски војници

Од почетокот на турската офанзива во северна Сирија загинале 31 турски војници, а 143 се ранети, соопшти денеска генералштабот на турската армија. Турција ја покрена операцијата наречена „Маслиново гранче“ на 20 јануари во областа Африн во северна Сирија против курдските борци, кои се американски сојузници.


Анкара ги смета курдските борци во Сирија за терористичка група поврзана со курдските бунтовници во Турција.


Во операцијата загинале и 135 арапско-сириски борци кои Турција ги вооружува, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.


Турската војска исто така соопшти дека „неутрализирала 1.369 терористи“, бројка која не може да се провери од независни извори и е многу поголема од проценките на сириските набљудувачи.

Читайте на сайте