World News in Macedonian

Одложено судењето за предметот на СЈО „Труст“

Судењето за случајот на СЈО „Труст“ е одложено за 20 февруари поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Во предметот првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на ЕЛЕМ.


На денешното рочиште во Кривичниот суд требаше да бидат презентирани доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.


Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. 

Читайте на сайте