World News in Macedonian

Странците во Турција ќе плаќаат казни на граничните премини

Странците казнети за непочитување на сообраќајните правила во Турција, ќе плаќаат административни казни на граничните премини при излез од земјата, одлука која е објавена во турскиот Службен весник. 


Дирекцијата за контрола на сообраќајот информира дека таа одлука веќе се применува и оти е во согласност со меѓународните стандарди за таа област.


Примената на оваа мерка се очекува да придонесе за поефикасно казнување на прекршителите на правилата за движење и ќе послужи како превентивна мерка против сообраќајните прекршоци во Турција.

Читайте на сайте