World News in Macedonian

ЕУ не може да се усогласи за проширувањето кон Западен Балкан

Министри за надворешни работи на ЕУ денеска во Софија не успеаја да се усогласат за предлогот на Европската комисија за проширување на Унијата со земји од Западен Балкан.


На форум во Бугарија, министрите разговараа за првпат за планот на Европската комисија која објави датум - 2025 година како цел за приклучување на Србија и Црна Гора во ЕУ.


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто е „многу разочаран“ со таргетот, нагласувајќи дека првите две држави од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ во 2022 година.


Полска, Австрија и Италија се исто така меѓу оние кои фаворизираат забрзување на напорите за отворање на ЕУ за Западен Балкан.


„Кој ќе биде прв во Белград - Кина или ЕУ? Тоа треба да го разјасниме, бидејќи се работи за наши соседи“, изјави австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл.


Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец смета дека 2025 „не е реален датум“, туку дека на тие држави им е потребно многу повеќе време за исполнување на критериумите за влез во ЕУ.


Внимателен беше и францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан. - Јасно е дека постојат услови кои се бараат од нив да ги исполнат, изјави тој. 




 

Читайте на сайте