World News in Macedonian

Ципрас: Грција нема да толерира предизвици кон територијалниот интегритет

Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море за чиј суверените спорат Атина и Анкара. 


„Нашата порака е јасна. Грција нема да дозволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, рече Ципрас.


Тој потенцираше дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ, додавајќи дека „предизвиците и агресивната ретоорика кон суверените права на една земја членка на ЕУ се насочени и кон целата Унија“.


 

Читайте на сайте