World News in Macedonian

Ќе се бара одговорност за неправилностите во Годишната програма за култура

Министерството за култура ќе ги преиспитува одлуките во Годишната програма за култура и ќе бара одговорност за сите неправилности. Во соопштение, Министерството упатува повик да сите што имаат индиции за злоупотреби да ги достават до институцијата. На таков чекор се решиле по реакциите во јавноста во однос на неколку поединечни проекти од Програмата. 


„Цврсто стоиме на ставот, дека доколку има индиции за неправилности или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција, клиентелизам или други незаконски практики, Министерството е подготвено веднаш да ги преиспита тие случаи, а доколку се утврди одговорност, да спроведе дисциплински и други постапки во согласност со закон“, стои во соопштението.


По објавувањето на Програмата со прифатени проекти на 10 февруари, реагираа поединци и институции од различни дејности кои не се задоволни од начинот на распределба на средствата и поради направени пропусти.

Читайте на сайте