World News in Macedonian

Вучиќ не верува дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ

Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за новинаската агенција Ројтерс, јавува Танјуг.


Тој вели за какво било решение или одлука мора да се изјаснат граѓаните на Србија и дека не е сигурен оти по тоа прашање позитивно ќе се изјаснат мнозинството од српските граѓани.


Мораме да ја согледаме реалноста и да ги разберме односите во светот и односите во Косово и да разбереме дека Косово не е наше како што ние мислиме, но не е и нивно како што тоа се обидуваат да го прикажат. Потребен ни е компромис за каков било договор. Не можете да имате една страна што добива се, додека другата нема ништо, вели Вучиќ во интервјуто.

Читайте на сайте