World News in Macedonian

Протести во Флорида за построга контрола на вооружувањето

Илјадници луѓе излегоа на протести за построги закони за контрола на оружјето во САД по нападот во средо училиште во американската сојузна држава Флорида при кој загинаа 17 лица. Десетици ученици од средното училиште каде се случи нападот учествуваа во протестите.


Сведоци на нападот говореа пред насобраната толпа повикувајќи ги законодавците да направат промена во законоите за контрола на оружјето. Тие упатија критика и до претседателот Доналд Трамп кој добил милиони долари поддршка за време на неговата кампања на претседателските избори од страна на поддржувачите за продажба на оружје во САД.

Читайте на сайте