World News in Macedonian

Зариф обвинувањата на Нетанјаху ги нарече циркус

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека критиките од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговата земја не заслужуваат одговор. Зариф го даде коментарот на безбедносната конференција во Минхен каде Нетанјаху изјави дека има впечатливи сличности меѓу Иран и нацистичка Германија и дека лидерството од земјата сака да го уништи Израел.


Зариф без да го спомене името на Нетанјаху посочи дека тие сведочеле на циркус. Иран, според Нетанјаху, претставува најголема закана за светот и ја повика меѓународната заедница да се конфронтира со „режимот“ во Техеран кој е закана за мирот.


 

Читайте на сайте