World News in Macedonian

Убиени двајца Палестинци во напад на израелската војска

Двајца Палестинци биле убиени од страна на израелската војска во појасот Газа. Израелската војска соопшти претходно дека нивни воени авиони спровеле напади врз цели на Хамас во појасот Газа откако четири војници беа повредени во експлозија долж границата меѓу двете земји.


Израелското министерство соопшти дека двајца од војниците се наоѓаат во тешка состојба и дека ова е најтешкиот инцидент од 2014 година на границата со појасот Газа кој е под контрола на исламистичката група Хамас. Според министерството, целта на нападите биле шест воени локации. 


 

Читайте на сайте