World News in Macedonian

Уапсен гувернерот на централната банка на Летонија

Кабинетот на летонскиот премиер соопшти дека агенцијата за антикорупција го уапсила гувернерот на централната банка Илмар Римшевич. Според соопштението, бил извршен претрес и на канцеларијата на гувернерот.


Во соопштението не се наведуваат детали за случајот, но се посочува дека апсењето на Римшевич не претставува закана по финансискиот систем на земјата. Кабинетот на премиерот ќе се состане утре за да направи анализа на ситуацијата.


 

Читайте на сайте