World News in Macedonian

ЕУ ги обнови санкциите кон руски претставници

Амбасадорите на ЕУ го за нови шест месеци го продолжија замрзнувањето на средствата и забраните за виза на 150 руски официјални претставници и сепаратистите поддржани од Москва, велат за РСЕ дипломати на ЕУ. На листата за санкции исто така беа додадени 38 ентитети.


Дипломатите кои зборуваа под услов на анонимност рекоа дека мерките формално ќе бидат усвоени наредните денови. Замрзнувањето на имот и забраните за виза прв пат беа наметнати од ЕУ за лица одговорни за акции против украинскиот територијален интегритет во март 2014 година, откако Русија го анектираше Крим. Санкциите се продолжуваат секои шест месеци.


Дипломатите на ЕУ рекоа дека новиот руски амбасадор во САД Анатолиј Антонов останува на листата на санкции на ЕУ, како и рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, началникот на генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов и спикетор на државната телевизија Дмитриј Киселјов.

Читайте на сайте