World News in Macedonian

Холандија ја усвои резолуцијата за геноцид на Ерменците

Пратениците во долниот дом на холандскиот Парламент со големо мнозинство гласови ја усвоија резолуција со која се признава како "геноцид" масакрот на Ерменците за време на Отоманската империја во 1915 година. Пратениците усвоија и посебна резолуција со која се бара да испрати претставник на Владата во главниот град на Ерменија, Ереван во април за да присуствува на комеморациите за жртвите.


Масовното убиство од Првата светска војна и депортацијата на 1,5 милиони Ерменци од страна на отоманските Турци е чувствително прашање за Ерменија и за Турција.


Ерменија тврди дека тоа е еден од првите примери на геноцид во модерната историја. Турција се спротивставува, посочувајќи дека Ерменците починале во многу помал број и поради граѓанската борба, а не поради плановите на Отоманската империја за уништување на христијанското малцинство. Најмалку 23 земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, ги признаваат убиствата како "геноцид".

Читайте на сайте