World News in Macedonian

Средба Заев-Јазбец: Словенија ќе го помага домашниот локален развој

Премиерот Зоран Заев и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец на денешна средба се договорија Словенија да го помага домашниот локален развој во Македонија, преку грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, информира владината прес-служба.


На средбата Јазбец му честитал на Заев за ефектите од засилената дипломатска активност која, како што се наведува, ги отвора перспективите на државата кон ЕУ и НАТО и за економски развој.


На средбата било разговарано и за политичката клима во свете држави и за претстојната официјална посета на словенечкиот премиер Миро Церар на Република Македонија.

Читайте на сайте