World News in Macedonian

Во мај САД ќе отворат амбасада во Ерусалим

Се очекува во текот на мај САД да ја отворат својата амбасада во Ерусалим, на 70 годишнината од независноста на Израел, изјавил претставник на американската администрација за израелските медиуми. За почеток ќе има амбасадор и мал тим, изјавил американскиот владин претставник.


Американскиот претседател Доналд Трамп лани во декември објави дека САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел и рече дека ќе ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.


Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон после една недела одлагање денеска го потпишал безбедносниот план за преселување на амбасадата во Ерусалим, изјавил неименуван преставник на власта за АП. 

Читайте на сайте