World News in Macedonian

СДСМ: Расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ причина за предизвиците со пензиите

СДСМ  денеска  излезе со соопштение  во кое реагира  дека 11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставило  пустош во економијата.


Претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е израз на неспособноста да се менаџира со јавните финансии.


Од СДСМ посочуваат  дека токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.


Во партиското соопштение се наведува дека  граѓаните можат да бидат спокојни и се додава дека Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна, посочуваат  од СДСМ 

Читайте на сайте