World News in Macedonian

ЗНМ го обвини кабинетот на Иванов за издавање безбедносни сертификати на новинари

Здружението на новинари на Македонија денеска изрази загриженост за информациите дека кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов на одредени новинари им понудил безбедносни сертификати во име на поголема транспарентност на институцијата. Според ЗНМ, таквиот чекор е обид за притисок и контрола врз медиумите.


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека најголем дел од новинарите што биле повикани, бланко го потпишале барањето без да имаат можност за правата и обврските на носителите на вакви сертификати. Тој го повика Иванов да им нареди на своите советници да го запрат издавањето на безбедносните сертификати на новинари, а тие што веќе ги добиле да се откажат од нив.


Читайте на сайте