World News in Macedonian

Турција бара екстрадиција од Чешка на сириски курдски лидер

Турција соопшти дека поднела барање до чешките власти за екстрадиција на проминентен лидер на сириската курдска заедница. Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека еден од лидерите на Демократската партија за единство, Салих Муслим треба денеска да се појави пред судот во Прага.


Муслим беше притворен во Прага пред два дена по налог на Анкара. Неговата партија ја обвинува Турција дека бара да се апсат луѓе кои не се државјани на земјата без никакво правно оправдување. Турција е во потрага по Муслим по обидот за пуч, при што тој е обвинет за прекршување на единството на земјата.


 

Читайте на сайте