World News in Macedonian

Прекршувања на примирјето во сирискиот источен регион Гута

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во првите два часа од стапување на сила на примирјето во бунтовничката енклава во источниот дел на Гута биле забележани бројни воздушни напади. Сириската војска ги негираше таквите тврдења.


Во меѓувреме руската војска и сириски медиуми јавија дека со ракети и минофрлачи била нападнат коридорот кој беше отворен за евакуација на цивили од регионот. Според рускиот генерал Виктор Панков, бунтовниците отвориле оган при што ниту еден од цивилите имал можност да замине. Фракција на бунтовниците во Гута негираше дека ги спречувала цивилите да заминат од енклавата.

Читайте на сайте