World News in Macedonian

Повредени 14 полицајци во судири со демонстрантите во Киев

Украинските власти соопштија дека 14 полицајци се повредени во судирите со антивладините демонстранти во главниот град Киев. Според полицијата, судирите се случиле откако демонстрантите биле спречени да запалат гуми од автомобили во близина на зградата на Парламентот.


Демонстрантите потоа започнале да фрлаат камења и молотови коктели кон полицајците. Локалната полиција информира дека е отворена истрага за нападот врз припадниците на безбедносните сили.


Протестите се за поддршка на поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили на кој на 21 февруари му беше забранет влез на три години во Украина откако беше депортиран на почетокот на месецов од земјата. 


 


 

Читайте на сайте