World News in Macedonian

Франција загрижена за ракетната програма на Иран

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан изјави денеска дека иранската програма за балистички ракетки е многу загрижувачка и оти е неопходно да се спречи таа да стане фактор кој ќе претставува закана за соседните земји.


Тој на заедничка конференција со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва посочи дека иранската програма може да го поткопа безбедносниот систем на регионот. Дриан порача и дека ќе го покрене прашањето за време на неговата посета на Техеран во наредната недела. Според него, треба да се одржи отворениот дијалог и да се разговара за несогласувањата.

Читайте на сайте