World News in Macedonian

Авганистанските сили заробиле германски државјанин

Авганистанските безбедносни сили заробиле германски државјанин за време на неодамнешната рација во покраината Хелманд врз објект во кој постоело сомнеж дека талибанците произведуваат бомби.


Локалните власти соопштија дека мажот носел документи кои го идентификувале како државјанин на Германија и бил заробен заедно со уште двајца милитанти. Првичната истрага, според нив, покажува дека тој не бил затвореник на талибанците и дека учествувал во изработувањето на бомби. Германските власти не го коментираа настанот.

Читайте на сайте