World News in Macedonian

Вардар се излеа во Центар, зголемен водостојот на реките

Реката Вардар се излеала на неколку места во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково.


Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини, а во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.


Двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид и Велес, а речеиси тројно на реката Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун, покажуваат најновите хидролошки мерења. Зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек има кај сите останати реки во државата, а најмалку кај Крива Река и Брегалница.


 


 

Читайте на сайте