World News in Macedonian

Драги загрижен поради најавата за увозни такси во САД

Шефот на Европската централна банка, Марио Драги, денеска изрази загриженост поради најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување такси на увозот на челик и алуминиум. Драги на денешната прес-конференција рече дека првичните последици „нема да бидат големи“, но додаде дека „едностраните одлуки секогаш се опасни“. Тој вели дека трговските спорови треба да се решаваат со мултилатерални преговори во Светската трговска организација. Драги вели дека најважниот аспект од потенцијалните такси ќе бидат последиците во довербата во економијата, што е тешко за проценување. Падот во довербата може да го загрози растот и инфлацијата, рече тој.

Читайте на сайте