World News in Macedonian

Се навршуваат 12 години од смртта на Слободан Милошевиќ

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на поранешниот претседател на Србија и на Југославија Слободан Милошевиќ. Тој беше обвинет од Хашкиот трибунал и почина на 11 март 2006 година во притворот во Хаг во тек на судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово и во Хрватска и за геноцид во Босна и Херцеговина.  Десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ заврши во 2000 година со победата на кандидатот на Демократската опозиција во Србја Воислав Коштунца на изборите за претседател. По победата на тие избори на 24 септември 2000 година, не сакајќи да го признае поразот, Милошевиќ и неговата Социјалистичка партија на Србија предизвикаа постизборна криза која заврши на 5 октомври по масовните демонстрации на граѓаните низ Србија. Милошевиќ беше уапсен на 1 април 2001 година за злоупотреба на службената положба.

Читайте на сайте