World News in Macedonian

Прекинато првенството во Грција по инцидентот со сопственикот на Паок

Грчката Влада донесе одлука да го прекине фудбалското првенство на неодредено време по инцидентот во Солун кога сопственикот на ПАОК Иван Савидис влезе на терен за време на натпреварот на неговиот клуб со АЕК. Савидис се обиде да се пресмета со судијата, откако тој поништи гол за домаќинот во 90та минута од натпреварот. Савидис притоа носел и пиштол. 


Одлуката беше донесена на денешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис. Грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис и четворица членови од неговото обезбедување.

Читайте на сайте