World News in Macedonian

Британија го истражува имотот на богатите Руси во земјата

Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека властите ги истражуваат богатите руски државјани кои имаат имот во неговата земја и сугерираше дека оние кои го своето богатство благодарение на врските со рускиот претседател Владимир Путин може да бидат изведени пред лицето на правдата.


Британските власти вчера соопштија дека ќе протераат 23 руски дипломати од Британија поради нападот врз поранешниот шпион со нервен гас кој потекнува од Студената војна. Џонсон ги бранеше мерките во услови кога британските власти се соочуваат со притисок од законодавците и медиумите да покажат дека може да и се спротистават на Русија, која негира дека има поврзаност со нападот.

Читайте на сайте