World News in Macedonian

Заев: Со Законот за употреба на јазиците не губи никој

Премиерот Зоран Заев во видео обраќање порача усвојувањето на Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во концептот на градење на општество еднакво за сите. Според него, законот целосно е во согласност со Уставот и амандманот 5.


„Со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка“, наведува Заев.


Тој порача и дека законот истовремено ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик.


 


 

Читайте на сайте