World News in Macedonian

Џонсон го обвини Путин за нападот на поранешниот шпион

Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека е многу веројатно оти рускиот претседател Владимир Путин ја донел одлуката да се употреби нервен гас во нападот на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија.


Тој порача дека британските власти немаат ништо против Русите, туку нивната кавга е со Путин и Кремљ кои дозволиле да се употреби нервен гас на улиците во Европа за прв пат од Втората Светска војна.


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека било која сугестија оти Путин е вмешан во нападот е шокантна и е непростливо кршење на дипломатските правила и пристојно однесување.

Читайте на сайте