World News in Macedonian

Уапсени 12 функционери во Албанија

Уапсени се 12 функционери во Албанија, меѓу кои и еден градоначалник, поради незаконска продажба на земјиште покрај морето, соопшти албанското Обвинителство. 


Во соопштението на Обвинителството се наведува дека градоначалникот на Леж, Фран Фрокај и уште 11 функционери се обвинети за злоупотреба на службената положба и фалсификување на документи.


Тие се обвинети дека подготвувале лажна документација за државно земјиште со површина од 300.000 метри квадратни, кои сакале да им ги продадат по симболични цени на фиктивни купувачи.


 

Читайте на сайте