World News in Macedonian

Временска прогноза - променливо облачно со засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната од 15 до 24 степени. 


Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната температура до 25 степени. 


 

Читайте на сайте