World News in Macedonian

Средба на Ахмети со британскиот амбасадор Гарет

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, при што разговараа за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, за состанокот на претседателството на ДУИ, како и за евроатланската интеграција на земјава, соопшти ДУИ.


Оттаму наведуваат дека Ахмети истакнал оти со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ.


„Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името“, е оценето на средбата.


Исто така било констатирано дека од услехот на овие две прашања зависи патот на земјата кон ЕУ и НАТО кој овозможува одржлив мир, безбедност и стабилност, но и благосостојба и економски развој.

Читайте на сайте