World News in Macedonian

ЕУ со осуда за нападот на порашениот руски шпион

Министрите за надворешни работи на ЕУ го осудија труењето на поранешниот руски шпион во Британија и посочија дека многу сериозно ги земаат во предвид наводите на земјата дека Русија стои зад нападот.


Британија и нејзините сојузници ја обвинуваат Москва за нападот со нервен гас во Салсбери врз Сергеј Скриал и неговата ќерка Јулија кои се во критична состојба. Според соопштението на министрите, ЕУ ја поздравуваат посветеноста на Британија да работи со Организацијата за забрана на хемиското оружје во истрагата за нападот. Кремљ порача дека Британија мора да ја докаже вмешаноста на Русија во нападот или да се извини за обвинувањата.


 

Читайте на сайте