World News in Macedonian

Новите врнежи ја усложнуваат состојбата со Охридско Езеро

Дождот што повторно врне во охридскиот регион дополнително ја усложнува ситуацијата со високиот водостој на Охридското Езеро и реките од неговото сливно подрачје.


Според АД „ЕЛЕМ“, нивото на водата во езерото е на котата 693,86 метри надморска височина, што е 11 сантиметри над максималната граница.


Согласно одлуката на Кризниот штаб при Општина Охрид, од денеска правните и физичките лица од градот можат да поднесуваат барања за обештетување за штетата настаната пред два дена кога силниот ветер предизвика значајни оштетувања на објекти на брегот на езерото, најмногу на потегот од Градското пристаниште до Канео. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди е веќе на терен и врши проценка на настанатите штети.




 




 

Читайте на сайте