World News in Macedonian

Русија предупредува на негативни последици од влезот на Македонија во НАТО

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска се сретнал со македонскиот амбасадор во земјата, Гоце Карајанов. Според соопштението на руското МНР, тие разговарале за билатерални прашања и размениле  мислења за ситуацијата на Балканот.


Руската страна, како што е наведно, посочила дека смета оти плановите за членство на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици врз регионалната безбедност и билатералните односи. 


Двете страни ја навеле и нивната подготвеност да продолжат со соработка во областите од заеднички интерес и ја истакнале важноста од продолжување на работата на руско-македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, наука и технологија.

Читайте на сайте