World News in Macedonian

Саркози втор ден на распит

Поранешниот француски претседател Никола Саркози втор ден по ред е на распит поради наводите дека за неговата кампања во 2007 година добил финансиски средства од либискиот диктатор Моамер Гадафи. Саркози кој ноќта ја помина во неговиот дом денеска се вратил во полициската станица во западен Париз каде продолжил распитот.


Француските власти ја отворија истрагата во 2013 година. Саркози кој беше претседател од 2007 до 2012 година негира дека имал корист од било какви нелегални финансиски средства, ги отфрли обвинувањата и ги нарече гротескни.


 

Читайте на сайте