World News in Macedonian

Ѕанакопулос ги повтори грчките позиции за име за севкупна употреба

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за телевизијата „Блу Скај“ изјави дека се надева оти Македонија ќе продолжи да преговара со добра волја за да се најде заемно прифатлив договор за спорот за името.


Тој ги повторил позициите на Атина без да посочи што точно содржи нацрт-спогодбата која ја испрати земјата во Македонија. Според него, текстот се базира на општата позиција на грчката влада, односно сложено име за севкупна употреба за што ќе биде потребна измени во Уставот на Македонија.


 

Читайте на сайте