World News in Macedonian

Меј бара ЕУ да се обедини против Русија

Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека на лидерите на ЕУ ќе им порача дека мора да се обединат за да се спротивстават на заканата од Русија која не почитува граници. При нејзиното пристигнување на самитот во Брисел таа изјави и дека труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Салсбери било дел од моделот на руската агресија против Европа. Медиуми јавија дека Меј ќе побара од Европскиот совет да ја осуди Русија за нападот на Скрипал и неговата ќерка со нервен гас.


 

Читайте на сайте